Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ќе го презентира статусот на имплементацијата на планот 3-6-9.
Презентацијата е во пресрет на објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија на евроинтегративниот пат кое треба да се случи на 17 април.
Османи вчера во Брисел напредокот го претстави пред високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедност, Федерика Могерини.







