НБА лигата се подготвува да ја продолжи сезоната 2019/20, што беше прекината во март поради пандемијата на коронавирус.
Вечер 30 минути по полноќ ќе се игра дуелот меѓу градските ривали од Лос Анџелес, Лејкерс и Клиперс, додека во 3 часот е мечот Њу Орлеанс–Јута.
НБА известува дека има 89 неамерикански играчи од 34 земји кои се подготвуваат за рестартирањето со 22 екипи.
Осум од нив учествуваа на „Ол-стар“ натпреварот, што е рекорд.
Секоја од 22. екипи има барем по еден странец.
Повеќето од овие играчи се во Далас (7).
Најмногубројни кошаркари покрај САД, за време на рестартирањето се од Канада (15) и Франција (7).
Австралија, Германија и Србија се претставени со по пет играчи.
Натпреварите по рестартот ќе бидат прикажани во 215 земји во светот.






