Германските разузнувачки агенции отворија денеска заедничко шпионско училиште во срцето на Берлин, градот којшто во текот на студената војна беше нарекуван „престолнина на шпионите“ и кој сеуште е клучна точка за шпионажа.
Шефови на странски и домашни разузнувачки агенции официјално отворија Центар за обука на разузнувачки служби близу местото каде што Берлинскиот ѕид го делел градот на два дела, пренесе АП.
Официјални лица информираат дека агентите ќе бидат научени како да одбијат сајбер напади и да препознаат терористи.
Новиот центар за обука содржи работилници и хемиски лаборатории.
Шпионското училиште се наоѓа во новото седиште на БНД, кое е отворено на почетокот на оваа година и има простор за 4.000 вработени.







