Двајца вооружени напаѓачи отворија оган во ресторан во Истанбул.
Податоци за загинати нема, но се верува дека неколку луѓе се ранети во нападот во областа Фетих.
Првите информации се дека се ранети три лица и дека во случајов било пукано заради „личен конфликт“.
Засега нема потврда дека станува збор за терористички напад
Нападот се случи само пет дена после масакрот во ноќниот клуб „Реина“, каде беа убиени 39, а ранети повеќе од 60 лица, напад во кој ИСИС ја презеде одговорноста.









