Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Падна продажбата на паметните телефони
Мобилни

Падна продажбата на паметните телефони

јануари 11, 2019Updated:јануари 11, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Глобалниот пазар на паметни телефони во 2018 година забележа годишен пад, информираше Си-Ен-Ен, додавајќи дека двата најголеми играчи во таа индустрија, Епл и Самсунг, претрпеле силни удари. И Епл и Самсунг известија за падот на приодажбата во последниот квартал во 2018 година, додека јужнокорејскиот конкурент на Самсунг, ЛГ Електроникс, најави помала оперативна добивка за дури 80 отсто во истиот период една година пред тоа.

Според прелиминарните прогнози на консултантската куѓа „Каналис и Каунтерпоинт Рисерч“, продажбата на смартфоните во светот лани падна за околу 1,0 отсто, додека другата компанија за истражување на пазарите, ИДЦ, проценува дека тој пад е уште поголем и дека изнесува три проценти.

На тоа најповеќе допринеле движењата на најголемиот светски пазар на паметни телефони, во Кина, каде што продажбата бележи пад речиси две години, наведува Си-Ен-Ен.

„Каналис“ проценува дека кинескиот пазар се намалил за околу 9,9 отсто во 2018 година поради забавувањето на стопанството, слабата валута и продолжениот трговски спор со САД.

„Минатата година пазарот бил толку лош што ќе биде лесно 2019 година да биде подобра година“, рече Том Канг, директор за истражување во „Каунтерпоинт“.

„Изгледите дека ќе има некакво големо подобрување во првото полугодие не се охрабрувачки, но во втората половина од годината можеме да очекуваме дека ситуацијата ќе се промени“, додаде тој.

Заздравувањето на тој пазар во 2019 година очекуваат и во ИДЦ, каде што предвидуваат раст на глобалната продажба за 2,6 отсто.

Стапката на глобалното заздравување на пазарот на паметни телефони, како што за Си-Ен-Ен вели аналитичарот Рајан Реит, ќе зависи од Кина „повеќе од било што друго“.

Аналитичарите и понатаму се надеваат дека кинескиот пазар повторно постепено ќе се воздигне, со оглед на тоа дека Вашингтон и Пекинг се обидуваат да постигнат договор за спорните трговски прашања, но барем засега „тмурните облаци“ се сеуште на хоризонтот, додава Си-Ен-Ен.

Со оглед на слабеењето на кинескиот пазар на смартфони, пазарните експерти своите оптимистички прогнози се темелат на очекувањата на посилен раст вклучувајќи ги Индија и Африка, каде што вкупно една милијарда луѓе и понатаму не поседуваат паметни телефони.

„Тие пазари ќе продолжат да растат, зголемувајќи ја така големината на глобалниот пазар на паметни телефони“, вели аналитичарот на „Каналис“, Мо Џи, додавајќи дека светскиот пазар многу веројатно ќе се врати со исклучително мал раст во 2019 година.

Рамнотежата на силите во индустријата на смартфони, според проценките, во 2019 година дополнително може да се придвижи во корист на кинеските производители, како што се Сјаоми, Опо и Виво.

Сите три споменати компании, како и Хуавеј, ги зголемија своите пазарни удели во 2018 година после падот на продажбата од Епл и Самсунг.

Според податоците на ИДЦ, на крајот на третото тримесечје во 2018 година уделот на Самсунг на светскиот пазар изнесуваше 20,3 отсто, додека една година порано беше 22,1 отсто.

Хуавеј го претекна Епл, и на крајот на третиот квартал држеше 14,6 отсто од светскиот пазар во однос на 10,4 проценти една година пред тоа. Епл, пак, од друга страна, имаше удел од 13,2 отсто, што е за 0,8 процентни поени повеќе отколку една година пред тоа, но тој раст не му беше доволен да го задржи второто место во светот по продажба на паметни телефони.

Уделот на Сјаоми порасна на 9,5 отсто од нивото од 7,5 проценти, забележан во годината претходно, додека Опо својот дел од пазарниот колaч го зголеми на 8,4 отсто од 8,1 отсто во 2017 година.

Вашингтон Епл Кина пекинг Самсунг телефони
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Дванаесет загинати, десетици илјади евакуирани поради поплави во Кина

мај 20, 2026

Трамп ја заврши посетата на Кина: Зад нас се неколку навистина одлични дена

мај 15, 2026

„Епл“ се согласи на спогодба од 250 милиони долари за доцнење на ВИ-надградби

мај 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.