Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пандемијата и натаму носи ризици за економијата
Економија

Пандемијата и натаму носи ризици за економијата

август 11, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Последните макроекономски показатели укажуваат на силни ефекти на пандемијата на КОВИД-19 врз глобалната и домашната економија. Иако економските основи на среден рок се оценуваат како здрави, сепак, амбиентот во кој се спроведува монетарната политика е променлив, со исклучително висока неизвесност, оценува Народната банка во августовскиот Квартален извештај.

Во однос на изворите на ризици, тие и понатаму се изразено надолни и се речиси целосно поврзани со пандемијата на КОВИД-19. Во споредба со априлските проекции, ризиците се уште понеповолни, со оглед на понатамошните надолни ревизии на проектираната глобална економска активност, како и исклучително високата неизвесност околу спречувањето на ширењето на заразата, како и ефектот врз економијата. Како што беше нагласено и во април, ризиците и за глобалната и за домашната економија се однесуваат на можното пролонгирање на инфекцијата и на рестриктивните мерки, евентуалната појава на втор бран на инфекцијата и повторно активирање на стратегиите за заштита на јавното здравје, како и на промените во однесувањето на економските субјекти во поглед на нивните потрошувачки и инвестициски одлуки, оценува Народната банка.

По олабавувањето на монетарнaта политика во текот на првото тримесечје во два наврата Народната банка во вториот квартал од 2020 година дополнително ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, со што таа се сведе на историски најниското ниво од 1,5 отсто. Покрај тоа, во текот на вториот квартал, на двапати беше намалена понудата на благајнички записи, за вкупно 15 милијарди денари, заради обезбедување поддршка на македонската економија преку одржување на кредитните текови и кредитниот циклус од страна на банкарскиот систем.

Во услови на солидно ниво на девизните резерви и отсуство на инфлациски притисоци, оваа монетарна поставеност беше оценета како соодветна на постојните економски и финансиски движења, кои се под силен удар на пандемијата на КОВИД-19 и рестриктивните мерки за спречување на ширењето на вирусот. На девизниот пазар, Народната банка интервенира и во текот на вториот квартал од годината, во услови на намалени девизни приливи поради пандемијата. Девизните резерви во второто тримесечје од годината остварија раст, главно заради трансакциите за сметка на државата и според сите показатели за нивната адекватност, тие и натаму се во сигурната зона. Поволни поместувања беа забележани и кај депозитните и кредитните текови, кои бележат солиден раст над очекувањата според априлската проекција.

Податоците за бруто девизните резерви за второто тримесечје упатуваат на раст во однос на претходниот квартал, што главно се должи на трансакциите за сметка на државата, односно на задолжувањето на државата кај Меѓународниот монетарен фонд во април и издавање хартии од вредност на меѓународните
финансиски пазари.

Кредитната активност на банкарскиот сектор во текот на вториот квартал од годината оствари забрзан квартален раст, којшто во поголем дел беше резултат на зголеменото кредитирање на секторот „претпријатија“, при солиден позитивен придонес и на кредитите на домаќинствата.

На годишна основа, кредитниот раст на крајот на вториот квартал достигна 6,6 проценти, што е над проектираниот годишен раст според априлската проекција (4,3 отсто). Во однос на изворите на финансирање, во вториот квартал беше забележан забрзан раст и на депозитната база, којшто во поголем дел беше резултат на зголемувањето на депозитите на домаќинствата, при солиден раст и на депозитите на претпријатијата и на останатите финансиски институции.

Годишниот раст на вкупните депозити на крајот на јуни изнесува 8,4 отсто, што претставува солиден раст и е повисок од очекуваниот според априлската проекција (6,3 проценти).

Народната банка очекува дека мерките преземени во првата половина на годината ќе овозможат натамошна и соодветна кредитна поддршка на домашната економија од страна на банките, во отсуство на инфлациски притисоци. Девизните резерви се во рамките на очекувањата и се очекува дека ќе се задржат во сигурната зона, а за инфлацијата се оценува дека ќе остане во прифатливи рамки.

Народната банка и во следниот период ќе продолжи со внимателно следење на трендовите и потенцијалните ризици од домашното и надворешното окружување, во контекст на поставеноста на монетарната политика.

актуелно економија пандемија ризици
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.