Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пандемијата предизвикува епидемија на осаменост
избор на уредникот

Пандемијата предизвикува епидемија на осаменост

октомври 15, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

15 октомври 2020

ДПА, Берлин

За борба против ширењето на коронавирусот, на сите им се препорачува да избегнуваат физички контакти, така што луѓето ширум светот постепено се навикнаа на еден од главните несакани ефекти на социјалното дистанцирање – осаменоста.

Научниците сега стравуваат дека присилната изолација раѓа нов вид епидемија, бидејќи многу луѓе кои се принудени на осаменост сега се повеќе се соочуваат со нарушувања на менталното здравје.

На почетокот на пандемијата, психијатрите испитале 5.070 возрасни Австралијци, откривајќи дека повеќе од три четвртини од испитаниците изјавиле дека нивното ментално здравје се влошило од почетокот на болеста, наведе ДПА.

Речиси 80 проценти од испитаниците изразиле умерено до крајно ниво на страв од неизвесната иднина, половина изјавиле дека се чувствуваат од умерено до крајно осамено, а половината кажале дека чувствуваат умерен до екстремен страв од финансиските последици од пандемијата врз нивните животи.

„Разбирливо е дека во овие бурни времиња, луѓето може да се чувствуваат исплашено, загрижено, вознемирено и презаситено од постојаните промени во предупредувањата и медиумските извештаи за ширење на пандемијата“, се наведува на веб-страницата на австралиската хуманитарна организација за подршпка во кризни ситуации, која работи под името „Lifeline“.

Нејзините вработени им даваат совети на заинтересираните страни поврзани со менталното здравје и општата благосостојба на поединецот, посочувајќи дека секоја личност треба самата активно да се грижи за сопствената благосостојба и истовремено да биде свесна за степенот до кој може да издржи изложеност на медиумите.

Невидлив проблем дури и пред пандемијата

Осаменоста беше невидлив проблем дури и пред пандемијата, велат германските лекари.

„Во големите градови живеат луѓе кои немаат речиси никакви социјални контакти отколку што може да замислите“, вели Стефан Дојчман, кој ја води добротворната организација „Дијаконишен Верк“ во Хамбург.

Во пикот на пандемијата, овој проблем дури и се продлабочи.

Во првата фаза од пандемијата, меѓу средината на март и средината на мај, неговата линија за помош во Хамбург забележала 25 до 30 проценти повеќе повици.

„Многу луѓе се жалеа на длабоко и тешко чувство на осаменост“, рече Дојчман.

До слични сознанија дојдоа и волонтерите од стотиците линии за психолошка помош што работат низ Германија.

„Околу 40 проценти од луѓето се јавија дека сакаат да зборуваат за ограничувањата, неизвесноста и промените што ни ги донесе пандемијата“, вели Улрике Маи, портпарол на германските телефонски линии за психолошка помош на граѓаните.

Најранливи старите лицa

Пандемијата во Германија може да резултира со „епидемија на осаменост“, вели Хорст Опашовски, футуристик од Хамбург.

Околу 80 проценти од испитаниците кажале дека недостатокот на контакт со членовите на семејството и пријателите е многу тежок за нив, покажува истражувањето на Институтот Форс, нарачано од германската компанија за здравствено осигурување „Техникер Кранкенкасе“.

Границата меѓу осаменоста, депресијата и менталните болести е многу нејасна, објави во август германската комора на психотерапевти и психијатри.

„Покрај депресијата и анксиозните нарушувања, акутното и посттрауматско стресно нарушување, зависноста од алкохол и дрога, опсесивно-компулсивното нарушување и психозата може да се влошат во вакви непостојани времиња“, вели претседателот на комората, Дитрих Мунц, додавајќи дека постарите лица се едни од најпогодените групи. .

Научниците ширум светот сега ги „мерат“ опасностите од осаменоста за време на пандемијата и нејзините последици и ги повикуваат сите што се принудени да останат дома да најдат некој за да разговараат за нивните грижи и стравови и да одржуваат мрежни врски.

Експертите за ментално здравје од британската Национална здравствена служба велат дека е многу важно „да не се фокусирате премногу на секојдневните вести“ и дека треба повремено да се оддалечувате од социјалните мрежи и да уживате во работите што навистина сакате да ги правите.

Истовремено, треба да се земе предвид и физичкото здравје, бидејќи е тесно поврзано со менталното здравје.

Ризик од хронични здравствени состојби

Осаменоста може да има разорно влијание врз здравјето на некои луѓе, предупредува Карла Перисиното, вонреден професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско.

Осаменоста и социјалната изолација се поврзани со зголемен ризик од хронични здравствени состојби, како што се деменција и кардиоваскуларни заболувања и поголем ризик од предвремена смрт, изјави д-р Ауди Као, уредник на списанието за етика.

Пандемијата на коронавирусот го погоди светот во време кога во САД има повеќе домаќинства со еден возрасен човек од кога било порано, вели Као, додавајќи дека среде пандемијата многу осамени лица дури и се помалку имаат веројатност за одржување социјален контакт.

„Со донесените мерки за изолација, ние без сомнение краткорочно ги штитиме луѓето, но на долг рок тие можат да имаат многу лоши последици по менталното и физичкото здравје на глобално ниво“, смета Као.

осаменост пандемија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

октомври 6, 2025

Пет години по пандемијата СЗО се уште чека податоци од Кина за Ковид-19

декември 31, 2024

Ова е морската месечина, една од најотровните медузи на Јадранот!

јули 5, 2024
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.