Во близина на Божикен маркет во западниот дел на Берлин полицијата пронајде голема количина муниција, заради што на сила е аларм за вонредна состојба.
Муницијата која се наоѓала во пластични вреќи, зад мноштво зимски гуми, според информациите ја пронашол човекот што стопанисувал со подземниот паркинг кој веднаш ја известил полицијата.
Според известувањето од полицијата, во запечатени, оригинални пакувања пронајдени се 200 рамки муниција со калибар 7,65 мм.
Поради близината на Божикниот маркет и џамија издадено е предупредување за опасна состојба, наведува Билд.
Портпаролот на германската полиција изјави дека не постојат сомнежи дека пронаоѓањето на муницијата се поврзува со тероризам.
„Тоа нема никаква врска со Божикниот панаѓур“, рече портпаролот.







