Папата Фрањо удрил со главата во својот автомобил по доаѓањето во Картахена, на последниот ден од посетата на Колумбија, јави АП.
Како што наведува агенцијата, папата се здобил со синило на лицето, на левиот образ, а на неговата бела мантија биле видливи траги од крв.
„Папата е добро, но има модринка на левиот образ и над окото“, изјавил портпаролот на Ватикан, Грег Бурке.
Тој додал дека папата се удрил од автомобилот, а дека на раната ставил мраз.
Папата Фрањо, сепак, продолжил да ги отпоздравува илјадниците луѓе насобрани долж улицата во населбата Сан Франциско, во Картахена, без какви било проблеми.







