Папата Фрањо повторно денеска повика на „мудрост и разбирање“ по повод насилството предизвикано од одлуката на претседателот на САД да го признае Ерусалим за израелска.
Во соопштението на Ватикан се неведува дека папата се моли „лидерите на земјите“ да се посветат на работата со цел да се „спречат нови спирали на насилства“ поради Ерусалим и дека изразува жалење за судирите во изминатите денови во кои имаше и жртви, пренесува АП.
Папата, исто така, го повтори својот став дека е од суштинско значење да се почитува „статус кво“ во Ерусалим.
„Само решение договорено меѓу Палестинците и Израелците може да доведе до стабилен и траен мир и да гарантира мирољубива коегзистенција на двете држави во рамки на меѓународно признатите граници“, се наведува во соопштението од Ватикан.
Папата Фрањо вели дека Ерусалим е „свет град за сите христијани, Евреи и муслимани од целиот свет“.







