Тенисерот од Кипар, Маркос Багдатис доживеа топлотен удар среде меч во Анталија. Багдатис во третиот сет во полуфиналето против Јапонецот Јуичи Сугита падна на тревата и не можеше да стане. Медицински лица го изнесоа тенисерот од теренот.
Тенисерот не можеше да го продолжи мечот, па Јапонецот извојува службена победа од 2:1, по сетови 6:3, 6:7 (7:9) и 4:1.
Како што потврдија организаторите на турнирот Анталија опен, во моментот кога Багдатис колабираше, на теренот биле измерени 42 степени.
https://www.youtube.com/watch?v=oFo9IS9yqZs&feature=youtu.be
Во другото полуфинале Манарино (Франција) го победи Сепи (Италија) со 2:0 (6:4, 6:4).







