Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пелоси со остри критики до Трамп откако за едно деноноќие во САД умреа над 800 лица
СВЕТ

Пелоси со остри критики до Трамп откако за едно деноноќие во САД умреа над 800 лица

април 1, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Смртноста од Ковид-19 во САД во изминатото деноноќие постигна рекорд, надминувајќи ја бројката од 800 починати лица. На ниво на цела земја досега вкупно умреа повеќе од 3.700 Американци, јави „Вашингтон пост“.

Во САД од коронавирусната инфекција досега се заразени 185.000 лица.

Како што изјавија синоќа Дебора Биркс и Антони Фаучи, првите луѓе од координативното тело на Белата куќа за борба со коронавирусот, во САД се предвидуваат од 100.000 до максимални 240.000 смртни случаи од Ковид-19.

Но, тие се надеваат дека ова може да се спречи ако строго се почитуваат протоколите за намалување на последиците од вирусот.

Ненси Пелоси, демократска спикерка на Претставничкиот дом, синоќа за Си-Ен-Ен изјави дека Американците умираат поради задоцнетата реакција на администрацијата на претседателот Доналд Трамп на ширењето на коронавирусот.

-Негирањата на претседателот на почетокот беа смртоносни. Задоцнетото снабдување на опремата таму каде беше најпотребна е смртоносно.

Додека претседателот безделничи, луѓето умираат, изјави Пелоси.

Таа укажа дека откако ќе заврши најлошото време од катастрофата, „ќе биде отворена истрага за акциите на Трамп“.

Претседателот на ова одговори дека Пелоси e „болно кученце. Таа има многу проблеми“.

Ја обвини дека ги игнорирала неговите првични одлуки да ги забрани летовите од Кина и дека ако не го сторел тоа „ќе имаше смртност каква што не сме виделе досега“.

Трамп ја обвини Пелоси и поради тоа што го трошела времето за негов импичмент. Истрагата за импичмент заврши во декември со гласањето во Претставничкиот дом, пред коронавирусот да се појави во САД.

-Сметам дека е срамно за нејзината земја, за нејзиното семејство. Колку страшна изјава, кажа претседателот за критиките од Пелоси.

 

критики пелоси САД Трамп
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Италија го менува својот изборен систем

октомври 9, 2026

Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести

октомври 9, 2026

Фон дер Лајен се очекува да ги претстави реформите пред проширувањето на ЕУ

октомври 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.