Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: В недела се гласа за политика која нѐ носи во Европа
Македонија

Пендаровски: В недела се гласа за политика која нѐ носи во Европа

април 30, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, вечерва побара поддршка од кумановци за претстојното гласање в недела, порачувајќи дека ќе спроведува концепт за развој на држвата и нејзино интегрирање во НАТО и ЕУ.

„Ова е град каде што ВМРО ДПМНЕ никогаш не победил. Град кој знае да казни националнистичка политика. Од Куманово мора да дојде огромната предност која мора да биде со десетици илјади предност, бидејќи овде има резервоар на луѓе кои точно знаат за каква политика се залагаме сите ние и јас како формален кандидат, рече Пендаровски.

Тој истакна дека во недела се гласа за политика која не носи во Европа.

„Ставаме дефинитивен печат на забрана Никола Груевски да се врати назад, рече Пендаровски и посочи дека претходната власт била најлоша во историјата на државата.

Тој истакна дека тој ќе работи во интерес на граѓаните и ќе критикува за разлика од досегашниот претседател, за кого рече дека не ги потпишува указите за одредени закони значајани за граѓаните.

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев се заблагодари на кумановци кои во првиот круг му ја дадоа довербата на Пендаровски, но рече дека многу повеќе се очекува од овој град, бидејќи истакна дека Куманово ги храбрело во минатото сите градови.

„Многу е важна одлуката дали одиме напред со современиот свет, рамо до рамо или да се вратиме назад, рече, меѓу другото Заев.

Тој нагласи дека Пендаровски е кандидат кој обединува и кој е заеднички за сите етнички заедници, дека добил поддршка од различни партии, а тоа според Заев е значајно бидејќи претседателот ќе се чувствува еднакво одговорен пред сите.

„Останете единствени и ќе победуваме, ќе бидеме економски силни и среќни, порача Заев и ја побара поддршка од присутните, но и од оние кои се дома.

„Разликите мора да бидат видливи, друга алтернатива оваа држава нема.
Кумановци знаеле да донесат одлука, рече Заев и ги повика да гласаат за Пендаровски.

Зборувајќи за посетата на Берлин, рече дека земјата има големи пријатели во Европа, Меркел, Макрон и Могерини и нагласи дека државата ќе добие датум за почеток на преговори.

Тој истакна дека е многу важно кој ќе биде претседател, нагласувајќи дека во минатотот при потпишувањето на договорите со Бугарија и Грција му била потребна исклучителна поддршка од претседателот на државата, а која не ја добил.

„Затоа е важен кој ќе ни е претседател, важна е и неговата селекција, начинот на избор за кој зборуваше и Оливер, се е важно оти има рефлексија во следните пет години на мандатот на претседателот и да се разбреме прв во државата е претседателот, па сите останати. Претседателот има право да поддржи, да охрабри, да се одважи и има право да критикува и да спречи, затоа баравме независен кандидат, рече Заев.

Според него со изборот на Пендаровски ќе нема поделби меѓу граѓаните по ниту една основа и државата ќе оди напред кон прогресот.

Тој се осврна и на економијата и на досегашниот раст и ги најави очекувањата во иднина по потпишувањето на протоколот за НАТО и по отварањето на преговорите.

„Ве уверувам дека доаѓа убава, блескава иднина за оваа наша земја, затоа се боревме и тоа се случува. Ве уверувам ќе одржиме економска лекција на Балканот, зашто народот тоа го заслужува, потенцира Заев.

Тој истакна дека нема друга алтеррнатива на 5 мај и дека со гласот за Пендаровски се исполнува граѓанската одговорност и кон државата, кон децата и идните генерации.

актуелно Европа пендаровски политика
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.