Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски го потпиша указот за Законот за ратификација на Североатлантскиот договор
Македонија

Пендаровски го потпиша указот за Законот за ратификација на Североатлантскиот договор

февруари 12, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот Стево Пендаровски денеска во присуство на студенти од Правниот факултет го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Североатлантскиот договор.

„На ова чекавме речиси 30 години, ама се исплатеше. Нека ни е со среќа“, рече Пендаровски, посакувајќи во иднина да потпишуваме вакви документи и за членството во Европската Унија.

Симболично пенкалото со кое го потпиша указот ѝ го даде на една од студентитките во чие присуство беше потпишан документот.

Законот за ратификација на Североатлантскиот договор беше изгласан вчера на свечена седница во Собранието и тој е со одложено дејство, односно ќе стапи во сила откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за нашето членство во НАТО.

Владата се одлучи за предвремена ратификација кај нас, со цел да не се загуби континуитетот во процесот на официјализирање на нашето членство со оглед на тоа што земјава оди на предвремени избори на 12 април.

По свечената седница, знамето на НАТО беше закачено на јарбол пред законодавниот дом.

Земјава ќе стане 30-та членка на НАТО.

Аспирациите за зачленување на земјава во НАТО почнаа во 1993 година кога тогашниот собраниски состав ја донесе одлуката за стапување во членство во НАТО по што низ годините следуваат уште четири декларации за поддршка и реафирмирање на интеграцијата на земјата во НАТО.

Во 2008 година на Самитот на НАТО во Букурешт, земјата доби условна покана за членство.

Откако земјава го реши спорот за името и беше ратификуван Договорот од Преспа кај нас и во Грција, ја доби поканата за НАТО на Самитот на 11 и 12 јули 2018 година во Брисел, а следната година на 6 февруари амбасадорите на земјите членки на НАТО исто така во Брисел го ставија својот потпис на Протоколот на пристапување во Алијансата.

За десет месеци Протоколот за пристапување во НАТО го ратификуваа 28 од вкупно 29 членки и сега се чека само на Шпанија што, според најавите од Мадрид, треба да се случи во почетокот на март, по што Северна Македонија и формално ќе стане 30-та членка на Алијансата.

актуелно пендаровски ратификација Североатлантски договор указ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.