Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски до вработените на Инфективна: Издржете одговорно и професионално во оваа битка, сите сме со вас
Македонија

Пендаровски до вработените на Инфективна: Издржете одговорно и професионално во оваа битка, сите сме со вас

април 15, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претсетседателот Стево Пендаровски преку видео врска оствари разговор со директорката и со дел од вработените медицински лица на Инфективната клиника во Скопје при што беше информиран за моменталната состојба на клиниката, за бројката на пациенти и нивната здравствена состојба, како и за сместувачките капацитети на оваа институција и за расположливиот медицински персонал.

„Вашата мотивираност, посветеност и пред се, професионалност со која секојдневно ги извршувате обврските во оваа здравствена криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, кај мене и верувам кај сите наши граѓани буди чувство на сигурност и смиреност. Ве охрабрувам да
продолжите со исто темпо и пожртвуваност да се грижите за пациентите и во што поголем број целосно оздравени да ги испраќате дома кај нивните најблиски. Издржете во оваа битка, сите сме со вас“, им порачува претседателот.

Вработените во Инфективната клиника, како што информираат од неговиот Кабинет, го запознаа претседателот за високите ризици што ги носи нивната работа и за расположливата опрема за докторите и медицинско-техничкиот персонал на Клиниката, како неопходност и потреба во нивниот ангажман.

Тие посочија дека имаат доволно средства и дека нивната клиника е редовно снабдувана, а целиот персонал е ангажиран максимално посветено, применувајќи ги сите мерки на заштита и строго придржувајќи се кон препораките на СЗО.

Претседателот Пендаровски им оддаде признание во битката со опасниот вирус бидејќи тие се првите во линијата на одбраната, на што вработените на Инфективната клиника рекоа дека се свесни за ризикот, кој е составен дел од нивната професија и уверија дека сите заеднички ќе се справат со ова, бидејќи навремено е реагирано.

Претседателот со соговорниците од Инфективната клиника разговараа и за личните предизвици на медицинските лица, за психо-физичкиот замор, за притисокот што го предизвикува изложувањето на висок ризик, како и за поддршката од нивните најблиски и начинот на функционирање во нивните семејства.

Тој им порача на вработените на Инфективната клиника да опстојат на високите професионални стандарди, да се чуваат себе си и да ги чуваат и се грижат за пациентите, за здравјето на нашите граѓани.

Претседателот за време на разговорот изрази благодарност за вложувањето, посветеноста, храброста и безрезервното ивршување на должноста.

Во разговорот, претседателот Пендаровски и вработените медицински лица на Инфективната клиника во Скопје упатија заедничка порака до сите граѓани за почитување на мерките и препораките, бидејќи тие се за сечие добро и дека тоа е единствениот начин за побрзо да ја надминеме оваа криза.

Пендаровски преку видео врска разговараше со директорката на Инфективната клиника, д-р Милена Стевановиќ, со организациската директорка, Мирјана Пехчевска Попилиева, со д-р Илир Демири, со д-р Љубица Мичуновиќ, анестезиолог и со Марина Христова, медицинска
сестра на Инфективната клиника.

 

актуелно инфективна пендаровски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.