Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: Не смееме да дозволиме европската интеграција да остане далечна
Македонија

Пендаровски: Не смееме да дозволиме европската интеграција да остане далечна

јули 29, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Интензивна економска соработка, регионални пакет-мерки за социо-економско закрепнување од пандемијата на Ковид-19, се меѓу заклучоците на дискусијата на лидерите и учесниците од шесте земји од регионот на денешниот виртуелен самит, организиран од Атлантскиот Совет на САД, посветен на економската интеграција на Западен Балкан, на кој учествуваше претседателот Стево Пендаровски.

Како што соопшти Кабинетот на Претседателот, учесниците се согласиле дека преку зајакната економска соработка, слободно движење на луѓе, добра и услуги, ќе се придонесе кон побрзо социо-економско закрепнување на регионот, ќе се зголеми неговата конкурентност, а ќе биде и попривлечен за влез на странски инвеститори.

Претседателот Пендаровски во своето обраќање истакнал дека Северна Македонија во целост ги поддржува предлозите за регионална соработка и во таа насока посочил дека економската агенда треба да има приоритет пред политичките или безбедносните прашања, кои долго време беа предмет на дискусија во регионот.

Тој додал дека новите инцијативи е потребно да бидат комплементарни со постоечките и да се во тесна врска со институционалните рамки за соработка во Европската Унија.

Исто така, истакнал дека не смее да дозволиме европската интеграција да остане далечна, затоа што ситуација кога нема напредок на европскиот пат не е поволна за развојот на Балканот.

Претседателот додал дека економските иницијативи се многу важни затоа што тие можат да помогнат во справувањето со масовното иселување на жителите од Балканот.

Регионалната соработка може значително да придонесе за подобрување на економските параметри на земјите, за полесно да се справат со миграцијата.

Меѓу заклучоците од самитот се и преземените обврски за отстранување на административните пречки за слободното движење на добра и услуги, вложување во инфраструктурни и инвестициски проекти со кои брзо и ефикасно ќе се спроведуваат чекори за закрепнување на регионот, се додава во соопштението.

На виртуелниот самит учествуваат и останати високи претставници од шесте земји од Западен Балкан, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама, косовскиот премиер Авдулах Хоти, претседателот на Советот на министрите на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија и црногорската министерка за економија Драгица Секулиќ.

Настанот беше организиран од Атлантскиот совет, тинк-тенк организација од САД, во соработка со партнери од Владата на САД, Европската комисија, Европската служба за надворешни работи и други меѓународни партнери на Атлантскиот совет.

актуелно европска интеграција пендаровски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.