Потврдена е средбата на македонскиот претседател Стево Пендаровски со неговиот француски колега Емануел Макрон.
Средбата ќе се одржи на 12 ноември, кога Пендаровски ќе учествува на Парискиот мировен форум, информираат од кабинетот на претседателот.
Претседателот Пендаровски вчера во изјава за медиумите рече дека дипломатијата продолжува со евроинтеграциите и дека фокусот е Франција.
„Правиме усилби, практично од првиот ден, веднаш по последниот бриселски самит на ЕУ, да добиеме средба директно со францускиот претседател Макрон и со луѓето околу него, за да ја надминеме таа крајно непријатна ситуација“, рече Пендаровски.
Претседателот Стево Пендаровски ќе престојува во Франција од 11 до 13 ноември, а ќе има и обраќање на форумот на 12 ноември. На форумот се очекува присуство на повеќе од 30 шефови на држави и влади.







