„Имаме јасен државен консензус од релевантните политички лидери во нашата земја дека стојат зад идејата Република Северна Македонија што е можно поскоро да ги почне тие преговори и што е можно поскоро да ги заврши преговорите и да стане полноправна членка. Сите присутни на средбата се согласни дека немаме проблем со евентуална нова и подобрена методологија за водење на пристапните преговори. Сите присутни на средбата рекоа дека немаат проблем ако новата методологија подразбира реверзибилност на процесот, значи едно поглавје кога ќе го затворите, ако трендовите во таа област се негативни, слободно може да не вратат назад, па дури и на самиот почеток од процесот. Немаме од што да се плашиме, тоа е во наш интерес и во интерес на нашите граѓани, изјави Пендаровски по завршувањето на првиот дел од лидерската средба.
Тој потенцираше дека сите лидери рекле „не“ на какви било алтернативи на полноправното членство на Северна Македонија во ЕУ и се обврзале дека, независно кој и да е на власт или во опозиција, ќе работат за побрзо приклучување на земјата во Унијата.
Во однос на изборите, претседателот Пендаровски рече дека не е негова надлежност да кажува дали треба да има избори, но оти треба да се внимава да не се доведеме во ситуација да не можеме од технички причини од наша страна да го ратификуваме Протколот за членство во НАТО.
(Фото: МИА)







