Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: Северна Македонија ги исполни сите предуслови за почеток на преговорите
Политика

Пендаровски: Северна Македонија ги исполни сите предуслови за почеток на преговорите

октомври 11, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Северна Македонија ги исполни буквално сите предуслови за почеток на преговорите.

„Стабилноста на целиот регион е поврзана директно со евроинтегративните процеси, а
Западен Балкан е дел од Европа исто толку важен за проектот на обединета Европа, како и за земјите основачи“, истакна претседателот Стево Пендаровски на денешната прес-конференција во Република Австрија каде престојува во официјална посета.

Тој посочидека граѓаните на Северна Македонија оваа недела го очекуваат датумот за почеток на преговорите за полноправно членство, и како што рече, за земјава не постои друга подобра алтернатива.

„Мандатот како претседател го добив од граѓаните во мојата земја со недвосмислена политичка подршка за членство во Европската Унија и во НАТО и потенцирам дека и надвор и дома моето политичко дејствување има само една цел, а тоа е членството во Европската Унија и во НАТО и заокружување на реформите за да ја обезбедиме иднината на државата и благосостојбата на сите нејзини граѓани“, истакна Пендаровски.

Прашан што мисли за ставот на Франција во врска со проширувањето на ЕУ, тој рече дека смета оти Франција нè блокира, и дека не станува збор за француско вето за почеток на пристапните преговори.

„Франција со право бара подобрување на методологијата во преговорите со која што придобивките и напредокот при преговарањето, по сите различни поглавја, 35 како што се предвидени, да биде неповратен. Значи, кога ќе се оствари напредок да има јасни критериуми дека тоа е напредок, и дека нема да има назадување неколку години откога ќе ги поминете преговорите и откако ќе станете членка на Европската Унија“, рече Пендаровски.

Според него, станува збор за корисно размислување за тоа како пристапните преговори да бидат попродуктивни и да не биде само формално штиклирање, формално завршување на преговарачките поглавја, туку да има супстанцијален квалитативен напредок во сите битни области за функционирањето на една демократија.

„Ние како Северна Македонија немаме ниту една причина да се плашиме од евентуално подобрување на критериумите за преговарање, бидејќи сме сигурни, не само во изминатиот период, туку и во наредниот, дека имаме спремни тимови за преговарање. Верувајте прилично добро сме подготвени за преговорите, така што и да има измена во методологијата, ние нема да имаме проблем тоа да го следиме, напротив, со сите ресурси кои ги имаме на располагање, човечки и технички, ќе влеземе во таквите преговори и верувам дека релативно брзо ќе ги поминуваме
преговарачките поглавја“, додаде претседателот.

Пендаровски објасни дека го поддржува пристапот да се заострат критериумите при преговарањето, за преговарачките успеси да не бидат формални туку суштински.

Во рамки на посетата во Република Австрија, претседателот Пендаровски оствари средба со австрискиот колега Александер Ван дер Белен.

На средбата беше потенцирано дека Австрија ја поддржува евроинтеграцијата на нашата земја и опстојува на позицијата дека почетокот на преговорите за членство во Европската Унија не треба, дополнително, да биде оддолжуван.

актуелно пендаровски преговори северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.