Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: Ќе го победиме Мицкоски во првиот круг, да си набави џи-пи-ес за Силјановска Давкова
Македонија

Пендаровски: Ќе го победиме Мицкоски во првиот круг, да си набави џи-пи-ес за Силјановска Давкова

април 11, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ќе го победиме Мицкоски во првиот круг, ќе нема потреба од втор круг, порача вчера вечерта на митинг во Кавадарци претседателскиот кандидат Стево Пендаровски поддржан од Коалицијата предводена од СДСМ.

Тој му порача на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, како што рече, да набави џи-пи-ес за кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова.

– Кандидатката на Мицкоски за претседател, не си ја знае земјата. Да не ве враќам на сцени од пред пет години, изјави Пендаровски, алудирајќи на настанот од претходните избори, кога таа го згреши името на градот, обраќајќи се пред присутни граѓани на Тиквешијата, во рамки на тогашната изборна кампања.

Пендаровски  одговараше на прашања од присутните на митингот и ги искоментира обвинувањата од Мицкоски, дека не си ја знаел земјата.

Точно 80 илјади километри поминав во изминатите пет години со моите соработници. Не постои ниту една општина, ниту едно населено место каде не сум бил. А во мојот кабинет, отворен за секого, 4 500 луѓе влегоа. Кабинетот не смее да биде изолиран само за елита, одговори тој.

На прашање, околу шпекулации од страна на опозицијата по социјалните мрежи, дека ќе го бојкотира вториот круг, Пендаровски рече дека ваквите шпекулации биле откако Мицкоски и ВМРО – ДПМНЕ виделе колку граѓаните се присутни на настаните што ги организира СДСМ, во рамките на кампањата.

– Им стана јасно дека атмосферата полека се менува, особено во однос на оние фалсификувани анкети што ги прави државната телевизија што ја третираат како приватна, партиска. Во неколку разговори со високи дипломатски претставници во Скопје, тој самиот го најавува тој бојкот. Го нарекува тивок бојкот, велејќи, битно е да видиме што ќе правиме на парламентарните избори, а за претседател може и да пропаднат. Затоа што му е јасно, дека таму работата е завршена уште пред осми мај, подвлече Пендаровски.

Тој  се осврна на постигнатите резултати во изминатиот период и приоритетите за во иднина.

– За разлика од претходниот режим, дури и активни функционери од нашата политичка структура, кои се соочија со лицето на правдата и се денес во притвор или затвор. Мора да се направи комплетна темелна промена на реалните кочничари, за тоа секој да си го добие заслуженото, ако го кршел законот. Тоа се дел од судиите и обвинителите кои под влијание на некои центри на политичка и особено на економска моќ, не судеа по устав и закон и по меѓународни договори. Туку, судеа селективно. Затоа многу криминалци, за кои знаеме дека заслужуваат да бидат зад решетки, не се таму, затоа што ги корумпираат тие судии и обвинители, рече тој.

Затоа,нагласи, оваа политичка структура од која е самиот дел, предлага комплетен темелен ветинг и проверка на имотот на сите судии и обвинители и да се види кој од нив има несразмерно зголемен имот.

Ама, порача, ќе се почне од политичарите.

– Гарантирам дека нивната кандидатка за претседател, таков ветинг нема да помине. Затоа што во раните деведесетти го кршеа ембаргото што го наметнаа Обединетите нации против тогашна Југославија и имаат несразмерно зголемен имот, подвлече Пендаровски.

Тој рече дека никогаш немал обид да крши закон. Целиот живот работел само за плата а не за проценти, а така ќе било и во наредните пет години.  Овие избори, потенцираше, се многу важни, затоа што, како што рече, ако евентуално победат тие што продаваат политичка магла, ќе ја вратат државата со години назад, изолирана и со просперитет само на членовите на фамилијата на власт и членовите на нивната политичка партија од повисоките ешалони.

Пендаровски рече дека најголемата опозициска партија со блокадата на уставните измени ја изолирала државата, а доколку граѓаните ја поддржат актуелната политичка гарнитура гарантира полноправно членство во ЕУ, како што реле, многу пред крајот на оваа декада.

– Бевме на прагот  после успешно завршениот скрининг процес да ги завршиме преговорите за не повеќе од 4,5 години но за жал се соочивме со еден надворешен непројател и со еден внатрешен опонент. Нашиот источен сосед покажа комплетно неевропско однесување и не закочи со чиста блокада, меѓутоа најголемата опозициска партија во Македонија од за мене непознати причини, веројатно за да се добере до власт час поскоро ги блокираше уставните промени и практично не самоизолираше по не знам кој пат.  Меѓутоа, ако на 24 април  и на 8 мај оваа политичка структура ја добие вашата доверба јас ви гарантираме дека ние многу пред крајот на оваа декада ќе станеме полноправни членки на Европската унија и со тоа економскиот  развој на Македонија ќе оди многу побрзо отколку досега, рече Пендаровски.

Неговиот изборен караван претходно беше во Демир Капија, Градско, Росоман и Неготино.

 

 

Фото: МИА 

актуелно круг мицковски пендаровски победа прв
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.