Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Петровска: Ако бидат побарани наши војници за зајакнување на Источното крило на НАТО ќе одговориме соодветно
Македонија

Петровска: Ако бидат побарани наши војници за зајакнување на Источното крило на НАТО ќе одговориме соодветно

март 29, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нашата безбедносна состојба е стабилна. Во моментот нема индиции за директни закани врз нас од безбедносен аспект. Засега не се регистрирани упади од аспект на хибридни закани или какви било посериозни дејствување, но повеќе институции во државата кои се задолжени дневно известуваат и се справуваат со некои помали облици на такви појави.

Ова денеска го изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска по презентацијата на новиот интерен систем за управување со јавните набавки во Министерство за одбрана.

„Во однос на хибридни закани, РС Македонија како дел од НАТО, но и генерално како држава на Балканот континуирано се наоѓа под некаков притисок или потенцијална закана, изјави Петровска.

Додаде дека една од големите клучни придобивки од членството во НАТО е што РС Македонија има капацитети да ја гарантира сопствената безбедност, но и е дел од колективниот систем за безбедност на Алијансата.

На новинарско прашање кои се причините за протерувањето на руските дипломати и дали се поврзани со безбедноста на државата, министерката Петровска нагласи дека МНР е надлежно да реагира на информациите што ги добива бебзенодсно – разузнавачките служби.

„Се работи за случај кога е прекрешена Виенската конвенција за однесување на дипломатите во нашата држава. Што значи дека тие со своите постапку на некаков начин ги прекршиле, ги пречекориле своите овластувања, рече министерката за одбрана.

Одговарајќи на новинарско прашање за сигурноста и безбедноста на информациите што се разменуваат со сојузниците од НАТО, министерката Петровска појасни дека размената на информации што ги добиваат и ги враќаат назад преку системот накомуникација на НАТО каналите е безбеден и се работи за систем менаџиран и управуван од НАТО структурите.

Прашана во врска испраќањето на наши трупи во Источното крило во НАТО, прашање за што било дискутирано во Брисел, за каков вид опрема и што е побарано од нашата држава, Петровска децидна дека не се работи за испраќање војници од македонската Армија, туку за потребата за зајакнување на источното крило на НАТО, кое се спроведува од сите 30 сојузници. Земјите кои се определени каде ќе се зголеми присуството на НАТО силите, информира, се Бугарија, Романија, Полска и Унгарија.

„Тоа се прави согласно плановите за распоредување на НАТО, во кое РС Македонија не е вклучена затоа што тие се правени до 2016 година, но заради зголемениот ангажман ќе биде очигледна потребата и на вклучување на нашата држава. Но, одлука за такво дополнително вклучување се уште немаме донесено, ниту сме се произнеле како држава. Со оглед на динамиката на терен ако такво нешто конкретно е побарано од нас, ние ќе одговориме соодветно, изјави министерката за одбрана Петровска.

Во однос на тоа дали сме подготвени, таа потенцира дека Армијата секогаш е подготвена да одговори на предизвиците кои се од нејзиниот делокруг на работење.

 

 

актуелно зајакнување крило НАТО Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.