Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СОЈУЗНИЧКА ОДБРАНБЕНА СОРАБОТКА: Македонија и Грција имаат иста цел – сигурни граѓани и безбеден и стабилен регион
Македонија

СОЈУЗНИЧКА ОДБРАНБЕНА СОРАБОТКА: Македонија и Грција имаат иста цел – сигурни граѓани и безбеден и стабилен регион

мај 10, 2023Updated:мај 10, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерката за одбрана Славјанка Петровска која престојува во дводневна работна посета на сојузничка Грција, во Атина се сретна со нејзиниот грчки колега, министерот за национална одбрана Николаос Панагиотопулос.

На средбата министрите Петровска и Панагиотопулос изразија задоволство од интензитетот на одбранбената соработка помеѓу Северна Македонија и Грција која во последните три години бележи силна нагорна линија, а стана збор и за процесот на модернизација и капацитетите на воената индустрија на двете земји.

„Бројни се и вежбите и заедничките активности помеѓу армиите на двете држави каде заедно учествуваме без разлика дали тоа е на билатерално ниво или со повеќе други држави. Она што особено беше мотивирачки од саемот се бројните грчки компании кои ги изложуваат своите производи кои се дел од најсовремената софистицирана опрема за вооружување, па со мојот грчки колега зборувавме и за продлабочување на соработката помеѓу двете држави во тој сегмент, значи искористување на капацитетите на грчката воена индустрија и она што можеме да го направиме ние во нашата држава, а особено зборувавме и за споделувањето на искуства од користењето на инструментот за набавка на ваков вид на софистицирана опрема преку познатиот инструмент Влада со Влада “, рече министерката во изјава за МИА по состанокот.

Во контекст на евроинтегративните процеси за земјите од регионот, министерката Петровска се заблагодари за грчката поддршка за членство на Северна Македонија во Унијата и порача дека овој процес мора да се забрза.

„Европската интеграција и на Република Северна Македонија, меѓутоа и на земјите од Балканот кои тој процес го започнале, навистина е потребно да се забрза, се со цел да не се предизвика или тоа да не влијае дополнително на комплицирање на безбедноста во регионот. Затоа што европските држави треба да знаат дека земјите од Балканот припаѓаат во Европската Унија и тие тој процес го започнале и даваат се од себе и граѓаните на тие држави, меѓутоа и Владите навистина што е можно побрзо процесот да биде завршен. Северна Македонија се покажа како сериозен партнер во процесот на европската интеграција на нашата држава и се согласивме дека заслужуваме да бидеме соодветно наградени за тоа“, порача министерката.

Министерот Панагиотопулос порача дека Грција цврсто верува во потребата одбранбената соработка да биде на највисоко ниво и ја повтори подготвеноста на Грција за продолжување на заедничките активности на политичко и воено ниво.

Одбранбената соработка со Грција е на исклучително високо ниво – земјите секоја година потпишуваат годишен План за билатерална соработка, а само оваа година се реализираат повеќе заеднички вежби како „Orion 23“ и „Golden Fleece“ во Грција и „Balkan Warrior 23“ на „Криволак“.

Во Атина, министерката Петровска го посети и Меѓународниот саем за одбрана и вооружување DEFEA 23, каде 346 изложувачи од 28 земји прикажаа дел од најновата и најсофистицирана воена опрема, што е од круцијално значење имајќи предвид дека Северна Македонија е во фаза на сеопфатна модернизација и опремување на армиските сили.

актуелно одбрамбена Панагиотопулос Петровска регион соработка стабилен
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.