Фудбалерите на Јувентус вчеравечер го победија на гостински терен Торино со 1:0, во натпревар од 11 коло од италијанското првенство и се вратија на првото место на табелата.
Единствениот гол го постигна Матијас де Лихт во 70 минута по асистенцијата на Гонзало Игуаин.
Ова е девета првенствена победа на црно-белите кои се единствената непоразена екипа во Серија А. Јувентус е прв на табелата со 29 бодови, еден повеќе од Интер.
Торино го претрпе шестиот пораз и го завзема 13 место на табелата со 11 бодови.







