Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Повредени и приведени во вчерашниот протест во Атина против Договорот од Преспа
Во Фокусот

Повредени и приведени во вчерашниот протест во Атина против Договорот од Преспа

јануари 21, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Најмалку 40 повредени од кои 25 полицајци, еден фоторепортер и еден снимател, приведени 12, од кои уапсени седум лица, солзавец и сериозни инциденти, учество на околу 60 илјади граѓани, препукувања меѓу грчката Влада и Нова демократија, е билансот од вчерашниот протест на атинскиот плоштад Синтагма, пред грчкиот парламент, против Договорот од Преспа.

Нередите започнаа половина час по официјалниот старт, кога група маскирани лица, веројатно радикални десничари и припадници и поддржувачи на Златна зора се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во грчкиот парламент. Со разни предмети, дрва, боја, пиротехнички материјали, ја нападнаа полицијата која за да спречи упад употреби солзавец и шок бомби. Инцидентите набргу се проширија во целиот дел пред Парламентот, но и по околните улици, а не ги прекина ниту дождот. Маскираните лица успеаа да скршат и дел од заштитна ограда пред парламентот, а фрлија и молотови коктели.

Полицијата континуирано одговараше со солзавци.

По судирите меѓу маскираните лица и полицијата, што траеја околу 3 часа, ситуацијата пред грчкиот парламент се смири, протестот заврши, граѓаните си заминаа, а во центарот на Атина дојдоа возила на општинската комунална служба за да ги исчистат улиците од мермерот, камењата, предметите, шишињата, но и остатоците од солзавецот и шок бомбите.Она што остана да сведочи за протестот беа и слоганите кои кусо пред да започнат инцидентите, ги испишаа со спреови дел од маскираните лица – Демократијата ја продаде Македонија“, но и пцовки упатени кон Ципрас, а го ставија и нивниот потпис – Златна зора.

Од грчката полиција соопштија дека на вчерашниот протестот во центарот на Атина учествувале околу 60 илјади лица, а во грчката престолнина пристигнале вкупно 326 автобуси од цела Грција.

Атина беше под силно полициско обезбедување, а протестот иако беше закажан за 14 часот по локално време, граѓаните уште 2 часа претходно почнаа да се собираат пред грчкиот парламент.

Со грчки знамиња и со плакати со пораки „Македонија е грчка“, „Референдум сега” и извикувајќи  слични слогани меѓу кои и „Овој Договор е предавство”, Грците протестира на собирот организиран од т. н. Комитет за одбрана на грчкиот карактер на Македонија за да го кренат својот глас против Договорот од Преспа.

Меѓу демонстрантите имаше и голем број свештени лица.

Насилните инциденти беа причина за препукувања меѓу власта и опозицијата во Грција.

Од кабинетот на грчкиот премиер коментираа дека  „за жал уште еднаш тонот на протестот го дадоа екстремни елементи и членови на Златна зора кои во нивниот обид да влезат во Парламентот, маскирани и со дрва, камења и палки ги нападнаа полицајците и десетици повредени завршија во болница“.

Претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во изјавата по протестот против Договорот од Преспа рече дека вчера говорел грчкиот народ и неговиот глас мора сите да го слушнат, „а прв господинот Ципрас и поддржувачите на Договорот од Преспа, договор кој се подготвуваат да го гласаат без да имаат таков мандат од нивните гласачи“.

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија додаде дека договорот е против „националното чувство“ и без согласност од другите партии, но и дека признава македонски јазик и идентитет, а потенцира дека следнава седмица, Нова демократија, со аргументи и решително, ќе биде во првите редови во битката да не се ратификува Договорот од Преспа.

Мицотакис, ја обвини владата дека со употребениот солзавец сакала да ги растера граѓаните.

актуелно Грција Протести
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.