Кина ја прекрши премолчената спогодба за воени движења во Тајванскиот канал со преминувањето на неофицијалната „средишна линија“, која се протега низ водениот пат, соопштија властите во Тајпеј.
Укажувајќи на фактот дека премолченото разбирање за „линијата“ е прекршено од Пекинг, тајванскиот министер за одбрана, Чиу Куо-ченг, во обраќањето во парламентот рече дека Тајпеј ќе реагира доколку Кина ја премине „црвената линија“.
Тој не кажа која е тајванската „црвена линија“, но сугерираше дека таа вклучува кинески авиони и беспилотни летала кои летаат на територијата на Тајван, но не ја означи „централната линија“ како „црвена линија“.
Кина, која го смета Тајван за своја територија, организираше големи воени вежби во август за да го изрази своето незадоволство поради посетата на Тајпеј на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.
Кинеските воени активности во близина на Тајван оттогаш продолжија, иако на значително пониско ниво, а кинеските воени авиони рутински ја минуваат средишната линија, која со години постои како неофицијална бариера меѓу двете страни.
„Средишната линија требаше да биде премолчен договор за сите.
Таа премолчена спогодба е уништена“, рече Циу на состанокот на парламентарната комисија.
Пекинг смета дека регионот на Тајван е неотуѓив дел од кинеската територија и дека таканаречената централна линија што ја подготви американската војска во 1954 година, во екот на непријателството од Студената војна меѓу комунистичка Кина и Тајван, не постои, иако кинеската Народноослободителната војска во голема мера ја почитуваше.
Тајванскиот теснец е широк околу 180 километри и на најтесниот дел централната линија е на околу 40 километри од брегот на Тајван.
(Фото: АП)