Французинот Пол Погба во Мајами закрепнува од повредата заработена во првенствениот натпревар против Арсенал на крајот на септември, а како што сега стојат работите останува големо прашање дали тој повторно ќе заигра за „Црвените ѓаволи“.
Според пишувањето на островските медиуми, Солскјер е подготвен да се откаже од играчот за врска веќе во јануари, а моментно за него најзаинтересирани и најреални опции се Јувентус и Реал Мадрид.
Во Манчестер сметаат дека од заминувањето на Погба би можеле да заработат 140 милиони евра.
(Фото: ЕПА)







