Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Подготвен „Национален план“ за стабилно снабдување со храна од домашни извори и во соработка со партнерите од „Отворен Балкан“
Економија

Подготвен „Национален план“ за стабилно снабдување со храна од домашни извори и во соработка со партнерите од „Отворен Балкан“

август 29, 2022Updated:август 29, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пред почетокот на заедничкиот самит на храна и вино што во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ ќе се одржи во Белград од 1 до 4 септември, Северна Македонија продолжува со интензивирање на домашната агенда со која се стимулираат националните капацитети за производство на храна, промовирање на македонската традиција и намалување на увозната зависност.

 

Премиерот Ковачевски вчера по пуштањето во употреба на системот за наводнување „Славишко поле“ во Општина Ранковце потсети дека Владата донесе „Национален план за производство на храна“, кој содржи конкретни мерки за поддршка на земјоделскиот сектор во време на криза и тој веќе се реализира.

„Тоа се мерки за зголемено производство на домашна храна, за увозна независност, мерки со кои ги поттикнуваме земјоделците максимално да ги искористат сите ресурси, секоја педа обработливо земјоделско земјиште, за да произведат повеќе, рече Ковачевски.

„Националниот план за производство на храна“ предвидува одржливо и зголемено производство на домашна храна, но и увозна независност, за чија цел со усвоениот ребаланс на Буџетот одвоени се дополнителни 32 милиони евра за зголемување на домашното производство на храна.

Од Владата посочуваат дека веќе е зголемено производството на пченица, пченка, јачмен и увозот кај сите култури е намален.

„Доделени се над 20 000 хектари земјоделско земјиште за производство на стратешките производи низ неколку јавни наддавања каде што земјоделците покажаа голем интерес, а притоа зголемени се и субвенциите за вештачките ѓубрива, со што земјоделците имаат помали трошоци, потсетуваат од Владата.

Од таму додаваат дека заедно со Министерството за земјоделство будно се следи ситуацијата, а во рамки на „Отворен Балкан“ оформена е и кризна група, која ги анализа состојбите во трите држави вклучени во иницијативата – Северна Македонија, Албанија и Србија и според чии проценки тие меѓусебно можат да си ги обезбедат евентуалните недостатоци од храна.

Во исто време, се работи и на силна регионална промоција на македонските вина, храна и туризам, а прв следен чекор во тој правец ќе биде направен на Првиот меѓународен саем на Отворен Балкан во Белград.

На Саемот на храна, вино и туризам на Отворен Балкан во Белград од земјава ќе учествуваат 42 винарии и 3 дестилерии, кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии. На Саемот ќе се претстават и повеќе од 10 производители на храна од Северна Македонија кои ќе ја претстават автентичната македонска кујна. Истовремено, стотици илјади очекувани посетители на Саемот ќе може да дегустираат автентична македонска храна која ќе ја подготвуваат македонски врвни готвачи.

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно национален отворен балкан план снабдување храна
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.