Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во рамките на посета на Република Хрватска оствари средба со хрватската вицепремиерка и министерка за надворешни работи и европски прашања Марија Пејчиновиќ-Буриќ, на која било разговарано за европските перспективи на Северна Македонија.
Османи, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата истакнал
дека постои долга традиција на добри односи и пријателство меѓу двете
земји, кое било потврдено и со брзата ратификација на протоколот за
членство НАТО, како и преку континуираната поддршка за европските
интеграции на нашата земја.
Се наоѓаме буквално на еден ден од објавата на Извештајот на Европската Комисија, во чија содржина, веќе извесно е, дека ќе се рефлектира напредокот на Република Северна Македонија и во затворањето на политичките прашања, но и напредок во имплементација на реформската агенда, изјавил Османи.







