Дел од околу 200.000 жители на Калифорнија кои се евакуирани поради четирите големи пожари кои беснеат во оваа американска сојузна држава добија дозвола да се вратат во своите домови, а опасноста од огнената стихија ќе трае до недела судејќи според најавените временски прилики, пренесува Ројтерс.
Се наведува дека гори подрачјето од Лос Анџелес крај пацифистичкиот брег до округот Санта Барбара.
АП вчера пренесе дека во пожарите до сега се уништени околу 150 куќи и дека се зафатени големи површини.
По прв пат е наредена евакуација во округот Санта Барбара, а дел од автопатот меѓу Санта Барбара и Вентура е затваран периодично поради нелети на огнот преку коловозните ленти.
Околу 300 жители на крајбрежниот град Карпинтери вчеравечер добиле наредба да го напуштат градот пред зора, додека пожарникарите се борат со пожарите на неколку километри од самиот град.
Претходно мирниот ветар им помогна на противпожарните екипи на терен успешно да го одбранат одмаралиштето Охајо, каде 7.000 жители исто така добиле наредба да се евакуираат.
Националната метеоролошка служба соопшти дека се очекуваат опасни налети на ветер, но дека пожарите нема да достигнат историски размери, како што претходно се очекувало.







