Два авиона се ангажирани за гаснење на пожарот во Македонски Брод кој избувна на отворен простор.
Од дирекцијата за заштита и спасување инфомираат дека освен двата авиона, ангажирани се и 45 припадници на тимовите за брз одговор од пожари на отворен простор преку подрачните одделенија од Македоски Брод, Битола, Прилеп и од Кичево.
На терен се присутни и четири противпожарни возила и 20-ина лица од локалната самоуправа.
Пожарот е лоциран на непристапен терен и гори борова шума.
„Дирекцијата за заштита и спасување е во состојба на зголемена будност.
Вработените во подрачните одделенија ја следат состојбата на целата територија и таа е подготвена во секој момент, доколку има потреба, да ангажира тимови за брз одговор за гаснење пожари на отворен простор на територијата на Република Македонија“, се наведува во соопштението.







