Попладневно избувна пожар во Министерството за правда, во просториите на четвртиот кат каде што се наоѓа архивата на министерството, потоа пожарот се проширил на целиот кат на објектот.
Според првичните информации, интервенирале противпожарни возила, а на лице место има возила на Брза помош и на полицијата. Улицата на крстосницата од Палома Бјанка кон Собрание е затворена за сообраќај, додека пожарникарите го локализираат пожарот. Сите вработени од зградата се евакуирани.
Од двете страни на зградата пожарникарите се обидуваат да стигнат до опожарените делови и да спречат тој да се прошири и на петтиот спрат.
Засега е причинета матерјална штета која допрва ќе се утврдува. На четвртиот спрат се наоѓа архивата.







