Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пожарот во тетовската депонија ставен под контрола
Градови

Пожарот во тетовската депонија ставен под контрола

август 20, 2017Updated:август 20, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи заедно со раководителот на Територијалната противпожарна единица Ука Алити попладнево одржаа прес -конференција во близина на запалената дива депонија на влезот во гардот.

Тие посочија дека огнот на неколкупати се појавувал денеска низ сметот, но оти сега со интервенција на тетовските и гостиварските пожарникари заедно со екипа и од ЈКП Тетово, тој е ставен под контрола.

Арифи посочи дека веќе презеле и законски мерки и пријави против можни сторители за што веќе имаат определени податоци.

„ Покренавме и кривични пријави за можните сторители на пожарот на претоварната станица до полицијата за што имаме одредени сознанија и очекувам надлежните органи да преземат мерки во оваа насока за нивно откривање, пронаоѓање и соодветно санкционирање – рече Арифи.

Раководителот на тетовските пожарникари Ука Алити изјави дека н ешто по 8:30 часот добиле пријава дека има пожар на депонијата, по што веднаш интервенирале со едно противпожарно возило и го локализирале и целосно го изгаснале тој пожар.

Нешто помеѓу 13 и 14 часот добиле повеќе пријави од граѓани дека има поголем пожар на дивата депонија, но сега, вели, со многу поголем обем, а силниот ветер  заедно со високите тепмератури придонеле пожарот да се прошири.

„ Ние интервениреваме со целиот капацитет и кадровски и со моментално расположивата механизација и успеавме да го ставиме пожарот под контрола, бидејќи интервениравме од четири страни со 16 пожарникари заедно со екипата на ЈКП Тетово и две екипи од противпожарната единица од Гостивар.

Приоритет ни беше да ги заштитиме по секоја цена објектите во близина. Ние ќе дежураме и вечерва и во текот на целата ноќ за да не дозволиме поворно разгорување на огнот на дивата депонија– изјави Алити.

Градоначалничката Арифи посочи дека проблемот со сметот во Тетово што тие како локална власт го наследиле е повеќедецениски, но и оти презеле повеќе мерки што треба долготрајно да го решат овој проблем.

„ Ние досега постигнавме неколку наши цели за третманот на сметот со  што проблемот ќе биде долгорочно решен и за што веќе информиравме претходно, како што е новата претоварна станица за компримирање на сметот кај клучката за Требош и изградбата на објектот за првично селектирање на отпадод кај Фалише што е во тек.

Како што информиравме чекаме да се завршат процедурите околу добиените средства со ребалансот на Буџетот по што ќе започнеме со расчистување на сметот од претоварната станица што се очекува многу брзо рече Арифи.

актуелно јкп тетово тетово Теута Арифи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.