Пожарот што вчера попладнето избувна над село Галичник е изгасат, објави Месната заедница Галичник на нејзиата официјална Фејсбук страница.
„Драги галичани, пожарот е под контрола. Нема опасност за имотите и куќите“, се наведува, меѓу другото, во објавата.
Во гасењето на огнот интервенирале службите од Нациоаллиот парк Маврово, од Центарот за управување со кризи, Противпожарните бригади од Дебар и Гостивар, екипа од Медискиот цетар во Гостивар, припадници на Армијата на Македонија и локалното население и екипи и возила на Коњички клуб Шерпа.
Електричната енергија во селото е сѐ уште во прекин и ќе биде повторно пуштена откако ќе се извршат потребните проверки.
Пожарот зафати борова шума на непристапен терен и заради засилениот ветар претставуваше потенцијална опасност за Галичник.