Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Анализата на „Водовод“ покажува дека скопската вода е исправна

август 12, 2026

„Политико“: Брисел подготвува нови правила за идното проширување на ЕУ

август 12, 2026

Времето утре со пороен дожд, грмежи и локално невреме

август 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Анализата на „Водовод“ покажува дека скопската вода е исправна
  • „Политико“: Брисел подготвува нови правила за идното проширување на ЕУ
  • Времето утре со пороен дожд, грмежи и локално невреме
  • Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел
  • Трамп потпиша извршна уредба со која се намалува бројот препорачани вакцини за деца во САД
  • „Не треба ситуацијата во земјата дополнително да се влошува“, вели Ахмети и повика на предвремени избори
  • Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 164 загинати
  • Повеќе од 70 жртви – Колумбија прогласи „национална катастрофа“ по силниот земјотрес
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Политико“: Брисел подготвува нови правила за идното проширување на ЕУ
СВЕТ

„Политико“: Брисел подготвува нови правила за идното проширување на ЕУ

август 12, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европската Унија подготвува измени во правилата за проширување поради се посилниот страв дека забрзаниот прием на нови членки може да доведе до парализа на носењето клучни одлуки во блокот, објави весникот „Политико“, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел.

Иако сите земји членки јавно ја поддржуваат политиката на проширување, во клучните престолнини, меѓу кои се Франција, Германија и Холандија, постои изразен отпор кон идејата процесот значително да се забрза. Во центарот на загриженоста е можноста политичките промени во некоја од идните членки по нејзиното влегување во Унијата да доведат до блокирање на стратешки важни одлуки, особено во надворешната политика, буџетот и други прашања каде што се бара консензус.

– Постои причина зошто процесот на проширување трае со децении. Се плашиме дека ќе пуштиме „тројански коњ“ – изјави за „Политико“ дипломат од земја која е скептична кон забрзаното проширување.

Според информациите на медиумот, Европската комисија веќе работи на можни измени на правилата за идните членки. Целта е да им се дадат гаранции на сегашните земји членки дека новиот бран на проширување нема да го парализира процесот на одлучување или дополнително да ја усложни распределбата на средствата од заедничкиот европски буџет.

Ова прашање ќе биде централна тема на стратешката расправа што европските лидери треба да ја водат на состанокот на Европскиот совет на 15 и 16 октомври. Советот уште во јуни најави дека на октомвриската сесија посебно ќе ја разгледува поврзаноста меѓу идното проширување и неопходната внатрешна реформа на самата ЕУ.

Потребата од дебата се засили по забрзувањето на пристапните процеси за Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан. Украина на 15 јуни годинава го отвори првиот преговарачки кластер што опфаќа фундаментални области како правосудство, основни права и финансиска контрола. Сепак, експертите потсетуваат дека самото отворање кластери не гарантира членство ниту утврдува рокови.

Историските примери покажуваат колку долг може да биде овој пат. Црна Гора преговара од 2012 година и, иако ги има отворено сите 33 поглавја, 2028 година се споменува само како „можен“ рок за пристапување, под услов да се исполнат сите обврски. Уште поилустративен е примерот со Турција, која статус на кандидат доби во 1999 година, преговорите ги почна во 2005-та, но по 21 година процесот е во застој и практично блокиран од 2018 година.

Овие примери ја интензивираат дебатата меѓу оние што проширувањето го гледаат како геополитички приоритет и оние што предупредуваат дека приемот на нови држави без претходна институционална реформа на Унијата би можел да го отежне функционирањето на европскиот блок.

Токму затоа октомврискиот самит би можел да биде една од поважните точки во натамошното обликување на политиката на проширување, не само во однос на тоа која земја и кога ќе стане нова членка, туку и под кои услови идните членки ќе влегуваат во Европската Унија. посочува „Политико“.

актуелно Брисел ЕУ политико проширување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Анализата на „Водовод“ покажува дека скопската вода е исправна

август 12, 2026

Времето утре со пороен дожд, грмежи и локално невреме

август 12, 2026

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

август 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.