Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Полицискиот час продолжува од 16 до 5 часот, за празничниот викенд можеби построги мерки за движење
Македонија

Полицискиот час продолжува од 16 до 5 часот, за празничниот викенд можеби построги мерки за движење

април 13, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– По 61-часовен полициски час во целата држава викендов и ограничено движење освен за категориите граѓани со право на дозвола, утрово повторно има раздвиженост на луѓе и сообраќај по улиците. Полицискиот час од денеска продолжува како во работните денови во изминатата седмица – од 16 часот попладне до 5 наутро.

За претстојниот Велигден се размислува движењето во празничниот викенд да биде ограничено дополнително со уште еден ден, најверојатно понеделникот, односно забраната да важи од петок попладне до вторник наутро. Тоа вчера го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека овој предлог ќе се разгледува денеска на седница на Владата.

Во сила е забраната за групирање на повеќе од две лица, освен за родители со деца до 14 години. На повозрасните од 67 години дозволено им е да излезат надвор од домот од 10 до 12 часот, а на младите до 18 години – од 13 до 15 часот.

Сопствениците на кучиња може да ги изнесат надвор половина час, од 20 до 20.30, и притоа да не бидат подалеку од 100 метри од објектот во кој живеат.

Движењето за време на полициски час им е дозволено само на категории граѓани кои имаат работни обврски и поседуваат дозволи што ги издава Министерството за информатичко општество и администрација. За барање за дозвола може да се аплицира на порталот uslugi.gov.mk

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ претпладнево продолжија да сообраќаат со двократно работно време – од 5 до 9 часот и од 13 до 16 часот.

Распоредот е по саботен возен ред, а кога се првите и последните поаѓања на автобусите на ЈСП е појаснето на веб-страницата на претпријатието.

актуелно полициски час построги мерки празник
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.