Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја објасни испораката на американско оружје на Украина.
„Им дадовме вистинско оружје за да можат да се борат против Русија“, рече Помпео во интервју за телевизијата „Дабл-ју – Си-Ес-Си“.
Шефот на Стејт департментот додаде дека американските власти се увериле во намалувањето на нивото на корупција во Украина благодарение на напорите на претседателот Владимир Зеленски.
Помпео, исто така, и замери на администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама, која одби да испорача оружје и воена техника на Киев.
„Тие преферираа да испратат ќебиња“, се пошегува тој.
Резимирајќи, американскиот државен секретар истакна дека се гордее со нивната политика кон Украина.
Вашингтон во 2017 година одобри испорака на преносни противтенковски ракетни системи „Џавелин“ за Киев. Американските власти признаа дека на Украина би можеле да и продадат и противбродски ракети за крајбрежна одбрана.
Освен тоа, во септември оваа година Стејт департментот ја одобри испораката за Киев на системите „Џавелин“ во износ од 40 милиони долари и на 160 ракети и различна опрема.
Русија повеќе пати ја предупредуваше администрацијата на Трамп за испораката на оружје на Украина. Москва истакнуваше дека тоа само ќе ја влоши ситуацијата во Донбас. А, на ова сценарио се противеа и европските политичари.
Така, претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер тој американски потег го нарече ризичен и контрапродуктивен чин за излез од кризата.