Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Владата ќе ги поддржи печатените медиуми
Некатегоризирано

Владата ќе ги поддржи печатените медиуми

ноември 29, 2018Updated:ноември 29, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност во Владата на Република Македонија, денеска одржа прес конференција на која ја соопшти одлуката на владата за Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018-та година.

Според оваа одлука за печатените медиуми во тековната година од Буџетот на Република Македонија се издвоени 50 милиони денари за покривање на трошоците за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2017, и тоа во висина до 50% за печатените медиуми на македонски јазик, и во висина од најмалку 50%, но не повеќе од 70% за печатените изданија на јазиците на другите етнички заедници.

Овие средства, нагласи министерот Поповски, ќе бидат распределени на печатените медиуми исклучиво доколку тие ги исполнат сите предвидени критериуми содржани во програмата, кои беа целосно подготвени од страна на Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми, чиј претседател Лирим Дулови, и членови на асоцијацијата, беа денеска присутни на прес конференцијата во Владата на Република Македонија.

Министерот Поповски нагласи дека оваа програма на Владата на Република Македонија е целосно спроведена според принципите за учество и инклузивност на засегнатите страни, овој пат претставниците на печатените медиуми.

„Критериумите за добивање на помошта се во целост усогласени со меѓународните стандарди, што е уште  еден принципи според кој се раководеше Владата, прифаќајќи ги најдобрите практики на Европската Унија за поддршка на печатените медиуми кои во секое демократско општество се столбот, фундаментот на објективното, независното и професионално новинарство“, потенцираше министерот Поповски.

Програмата за поддршка за печатените медиуми е во согласност со препораките нотирани во извештаите на Рајнхард Прибе, и на високата група на експерти за реформи во медиумите, потсети Поповски и додаде дека програмата ја добила максималната поддршка од ОБСЕ, и од сите останати меѓународни организации, како база на професионалното новинарство ќе помогне во справувањето со лажните вести и зголемувањето на медиумската писменост.

На прес конференцијата во Владата на Република Македонија, Претседателот на Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми, Лирим Дулови, како и другите членови на оваа асоцијација ја поздравија реализацијата на оваа владина програма како мерка која ќе го помогне професионалното и одговорно новинарство и која ја враќа надежта меѓу новинарите од печатените медиуми за поддршка на нивните напори да бидат учесници во справувањето со лажните вести и за зголемувањето на медиумската писменост.

Министерот Поповски, на новинарските прашања за оваа мерка, потенцираше дека Владата на РМ останува и понатаму отворена за соработка и за секоја добра иницијатива која ќе значи усовршување на мерката во интерес на новинарите и на јавноста која очекува објективно и одговорно новинарство.

Во прилог на ова соопштение, обраќањето на Поповски ви го пренесуваме во целост:

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите и на еснафските здруженија.

Печатените медиуми во секое демократско општество се столбот, фундаментот на објективното, независното и професионалното новинарство.

Голем број од новинарските бардови денес се тоа што се, затоа што започнале, а некои сеуште творат во дневен весник или во некој неделник.

Светската финансиска криза од 2008 година имаше разурнувачко влијание врз медиумскиот сектор на глобално ниво, а најпогодени беа печатените медиуми.

Ова особено се забележува на помалите медиумски пазари, каков што е и македонскиот, каде обемот на комерцијални извори на финансирање е ограничен, куповната моќ на население е намалена, а политичката култура пренатрупана со клиентелистички однос меѓу политичките партии и одредени медиуми, се вели во извештајот на ОБСЕ од септември оваа година.

Една од клучните улоги на Владата е да ги регулира правилата на однесување во медиумскиот сектор на транспарентен, недискриминирачки и правичен начин во согласно со јавниот интерес и потребата за информирање на граѓаните.

Водена од овие принципи, но и по примерот на многу земји – членки на Европската Унија, на последната седница, Владата на Република Македонија ја донесе Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018-та година.

Како што гласи истата, целта на програмата е да се реализираат активностите за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми од општ, информативен карактер.

Вкупните средства предвидени за поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2017 година изнесуваат 50 милиони денари.

Овие средства ќе бидат распределени на печатените медиуми исклучиво доколку тие ги исполнат сите предвидени критериуми содржани во програмата.

Критериумите за добивање на помошта се во целост усогласени со меѓународните стандарди.

Ќе наведам неколку од предвидените критериуми, а програмата за поддршка на печатените медиуми од вчера е објавена јавно на веб страната на Владата и е доставена до еснафските здруженија и секој кој е дополнително заинтересиран ќе ви ја доставиме по електронски пат.

Во програмата е наведено дека:
•    Корисници на овие средства се печатените медиуми од општ информативен карактер кои објавуваат содржина насочена кон непрекинато информирање на јавноста за тековните политички, економски, социјални и културолошки прашања.

•    Едни од потребните документи при поднесување за барањето за поддршка, ќе бидат доказите дека медиум ги има исплатено сите обврски кон државата.

•     Особено значајно е што секој медиум ќе мора во целост да ги има подмирено платите и придонесите кон сите вработени.
•    Ова е од особено значење за финансиската сигурност и безбедност на новинарите и медиумските работници во печатените медиуми.

Во програмата има уште многу критериуми согласно позитивните законски прописи во Република Македонија, а сите коишто аплицираат ќе мора да ги почитуваат.

Предвидените средства од оваа програма ќе се доделат на печатените медиуми коишто се издаваат на македонски јазик во висина од 50% за направените трошоци за печатење и 50% за направените трошоци за дистрибуција.

Печатените медиуми коишто се издаваат на јазиците на етничките заедници, ќе добијат износ во висина не помалку од 50%, но не повеќе од 70% за направените трошоци за печатење и за дистрибуција.

Повеќето држави во Европа посветуваат особено внимание и помош на печатените медиуми кои известуваат на јазик кој го говорат помалите етнички заедници во државата.

Конвенцијата на УНЕСКО од 2005 година укажува на субвенционирање за истакнување на културниот идентитет.

Европската комисија усвои конвенција со која се бара субвенционирање на печатените медиуми како инструмент за културна политика за заштита на различните етнички идентитети.

Ваквиот предвиден начин на распределба на средствата за поддршка на печатените медиуми е во целосна согласност со еден од темелните принципи на оваа влада „ЕДНО ОПШТЕСТВО“.

По завршување на целиот процес, јавноста ќе биде информирана кој печатен медиум добил финансиска поддршка, колку изнесува таа, и кои медиуми евентуално не ги исполниле условите.

Особено важно е дека при изработката на Програмата, беа вклучени Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми, чиј претседател, Лирим Дулови и членови се денеска со нас, а свои предлози достави и Здружението на новинари на Македонија.

Програмата за поддршка за печатените медиуми е во согласност со препораките нотирани во извештаите на Рајнхард Прибе, и на високата група на експерти за реформи во медиумите.

Оваа програма има поддршка од ОБСЕ, и од сите останати меѓународни организации.

Поддршката за печатените медиуми како база на професионалното новинарство ќе помогне во справувањето со лажните вести и зголемувањето на медиумската писменост.

Почитувани новинари, верувам дека оваа поддршка ќе биде само дополнителен мотив за вас да работите објективно и исклучиво во интерес на јавноста.

актуелно влада македонија медиуми поддршка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.