Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Поповски-Прибе: Владата ќе создаде независно и достојно работење на новинарите и на медиумите
Македонија

Поповски-Прибе: Владата ќе создаде независно и достојно работење на новинарите и на медиумите

јули 21, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за комуникација, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, имаше средба со експертската група предводена од Рајнхарт Прибе.

Господинот Прибе и експертите на неговата група на оваа средба изразија желба да ги слушнат мерките и планот на Владата во врска со медиумските реформи, кои, како што е познато, беа една од точките во првиот извештај на оваа комисија кој беше изготвен по препорака на Европската Комисија и кој имаше за цел да подготви насоки за излез од политичката криза во нашата земја, предизвикана од претходната власт.

Министерот Поповски, заблагодарувајки се на посетата и на работата на експертската група предводена од господинот Прибе, истакна дека укажувањата од извештајот од 2015 година, беа основата од која тргнаа дебатите и предлозите за реформи во медиумската сфера.

Во тој период, СДСМ, како партија што сега ја предводи владата, се залагаше за целосна вклученост на претставниците на медумите и на медиумските експерти од сите граѓански организации чија дејност е медиумската сфера за да се постигне широк консензус за неопходните чекори кои ќе водат кон темелни реформи во оваа област.

Министерот Поповски во елаборацијата на чекорите и мерките што се преземени од периодот од кога започна работата на новата влада, нагласи дека и понатаму е задржан принципот на отвореност за сите добри идеи, како и за вклучување на сите релевантни организации и медиуми, за да се постигне најдобро можно решение за медиумските реформи.

Поповски ги информираше членовите на работната група на Рајнхард Прибе, дека со ребалансот на буџетот се обезбедија услови за укинување на радиодифузната такса, како прва мерка за поефикасно финансирање на Македонската радиотелевизија. Додека е во процес усвојувањето на ребалансот на буџетот во Собранието на Република Македонија, во тек е анализата за најдобро решение за утврдување на висината на стапката од буџетот со која ќе се обезбеди функционално работење на МРТ, како и независноста на јавното радиодифузно претпријатие.

Подготовката на овие измени се однесува и на работењето на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (АВМУ), која е исто така во високите приоритети на медиумската реформа. МРТ и АВМУ се медиумските институции, за кои владата ќе создаде услови тие да се препознаваат и да функционираат како независни и непартизирани, укажа министерот Поповски.

Слободата на медиумите и независноста во работењето на новинарите беше прашање од особен интерес на денешната средба. Министерот Поповски ги увери членовите на работната група на Прибе дека оваа владина гарнитура целата своја енергија ќе ја усмери на обезбедување услови новинарите во целост да ги остваруваат нивните професионални задачи согласно принципите на Кодексот на новинарите и согласно начелата на саморегулацијата во медиуската сфера.

Поповски ги информираше гостите дека последните отворени консултации и јавна дебата уште еднаш потврдија дека решенијата треба да се бараат во создавање на услови за функционално работење на приватните радиодифузни компании без интервенции на пазарот од страна на владата, како што беше тоа пракса во претходниот период.

На укажувањето на господинот Прибе дека многу често проблемите не се во законите, туку во политичката волја за нивно имплементирање, министерот Поповски нагласи дека Владата на Република Македонија е целосно подготвена да создаде демократски амбиент кој на новинарите и на медиумите ќе им обезбеди услови за независно и достојно извршување на нивната професија.

АВМУ актуелно македонија МРТ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.