После зголемената активност на вулканот Попокатапетл мала количина пепел падна врз јужното предградие на Мексико Сити.
Според информациите кои стигнуваат од канцеларијата за цивилна заштита, пепелта паднала во населените места Тлалпан и Сочимилко, пренесува АП.
Исфрлањето на пепел од вулканот ќе продолжи и таа ќе оди најверојатно во правец кон Мексико Сити, но еупцијата веројатно нема да биде полоша од оние кои се случуваа во претходните години.
Вулканот со височина од 5.426 метри се наоѓа на 72 километри југоисточно од мексиканската престолнина. Во зона од 100 километри од кратерот живеат околу 25 милиони луѓе.