Златан Ибрахимовиќ од болничката постела успеа да ги воодушеви своите навивачи.
Тешката повреда на коленото која ја доживеа во реванш натпреварот од четвртфиналето на Лига Европа против Андерлехт го означи крајот на сезоната за одличниот напаѓач на Манчестер јунајтед, но дефинитивно не и крај на неговата кариера.
Овој 35-годишен Швеганец од Питсбург, каде што закрепнува после тамошниот хируршки зафат, им порача на навивачите преку Инстаграм:
„Поправен и посилен. Ви благодарам, повторно, за поддршката. Наскоро пак заедно ќе уживаме во мојата игра“, во свој стил истакнал Ибрахимовиќ, а таа порака за помалку од 24 часа предизвика позитивни реакции на повече од 640.000 негови фанови на споменатата социјална мрежа.
Ибрахимовиќ оваа сезона даде 28 голови за Манчестер јунајтед, а едногодишниот договор му истекува во јули.