Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Порошенко потпиша декрет за вонредна состојба, се подготвува мобилизација
Во Фокусот

Порошенко потпиша декрет за вонредна состојба, се подготвува мобилизација

ноември 26, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Еден ден после инцидентот во Керчкиот теснец, војската на Украина со указ кој го потпиша претседателот Петро Порошенко е доведена во состојба на највисока борбена готовност, соопшти прес службата на Министрерството за одбрана на Украина.

Указот за воведување на воена состојба до 25 јануари 2019 година го потврдија и пратенициуте на Врховната Рада.

Украинскиот Генералштаб доби наредба да ја подготви воздушната одбрана на земјата за да се заштитат најважните државни установи, како и да се подготви за делумна мобилизација

„Безбедносната служба на Украина доби наредба веднаш да ги засили контраразузнавачките, противтерористичките и противсаботажните активности“, се наведува во указот, пренесува ТАСС.

ТАСС подвлекува дека еден дел од указот кој Порошенко го потпишал и понатаму е доверлив и во моментов не се знае за што точно станува збор.

Амбасадорката на САД во ОН, Ники Хејли вчера доцна навечер објави дека за денеска во 11 часот претпладне по њујоршко време е закажана итна седница на Советот, во врска со ескалацијата на состојбата меѓу Русија и Украина.

Шефот на украинската дипломатија Павло Климкин денеска изјавио дека неговата земја го задржува правото да се одбрани од Русија и не ја исклучува можноста дека Москва ќе продолжи со, како што рече, агресивни потези и на копшно и на море.

Ројтерс пренесува дека Русија ги одбила повиците на меѓународната заедница за ослободување на украинските морнари и трите бродови кои беа запленети вчера наведувајќи дека тие незаконски влегле во руските територијални води.

„Украина ќе побара да пронајде пат за мирно решавање на спорот, но природно е да го задржи правото за примена на самоодбрана“, рече Климкин.

Според неговите зборови, потезите на Русија „одат и против општите меѓународни права и против конвенцијата на ОН за правото на морето“.

„Целта на политиката на Киев е да се предизвика конфликт со Русија, во соработка со САД и Европската унија, и има сериозни последици. Ние силно се противиме на очигледното кршење на правото на мирен премин на бродови кои минуваат низ руските територијални води кон Црното море“, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Русија за настанатиот инцидент.

Портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел, Штефан Зајберт, побара од Русија да ги ослободи украинските морнари и бродови.

Зајберт ги повика двете страни веднаш да започнат дијалог, да го решат инцидентот и да ја смират настанатата тензија.

„Инцидентот поставува многу сериозни прашања за употреба на воена сила на руските сили за која, врз основа на познати факти, нема оправдување“, рече портпаролот на Меркел.

И претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска ја осуди интервенцијата на руската војска во теснецот.

„Ја осудувам руската употреба на сила во Азовското море. Руските власти мораат да ги вратат руските морнари, пловилата и да се воздржат од понатамошни провокации“, рече Туск после телефонскиот разговор со претседателот на Украина, Петро Порошенко.

Туски додаде дека „Европа ќе остане обединета во поддршката за Украина“.

Прогласувањето на воена состојба во Украина може да овозможи слободно делување на радикалните националисти, предупреди денеска рускиот министер на надворешни работи Сергеј Лавров.

„Треба внимателно да ја следиме ситуацијата во Доинбас. Кршењето на меѓународното хуманитарно право веќе стана вообичаено таму, а тоа вклучува гранатирање на населби и општествени објекти и цивилни жртви. Ако воената состоба биде прогласена, радикалните националисти би можеле да се почуствуваат како да добиле одврзани раце“, рече Лавров.

Тој поосочи дека Русија „силно ги повикува западните спонзори на Киев да ги смират оние кои се обидуваат да ја искористат воената хистерија и да добијат политички поени за претстојните избори и други случувања во Украина“.

НАТО објави дека амбасадорите на државите членки на Алијансата и пратеникот од Украина во НАТО денеска доцна попладне ќе одржат итен состанок во Брисел во врска со морнаричкиот инцидент.

Состанокот е повикан да се одржи на барање на украинскиот претседател Порошенко после неговиот разговор со генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Столтенберг во името на НАТО изразил „полна поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, вклучувајќи ги нејзините права во сопствените територијални води во склад со меѓународното право“.

Рускиот претседател Владимир Путин ги примил информациите за случувањата во Керчкиот теснец во реално време, изјави денеска прес секретарот на Путин, Дмитриј Песков.

„Тоа беше сериозна провокација и, се разбира, комплетните информации веднаш се соопштени како вчера така и денес“, рече Песков.

Тој посочи дека рускиот претседател нема планови да разговара преку телефон околу инцидентот во заливот.

„За сега не“, одговори Песков на прашањето дали Путин планира телефонски да разговара со странските лидери за она што се случи вчера во Црното море.

Тој се воздржа од претпоставки дали рускиот и амриканскиот лидер ќе се занимаваат со овие случувања кога ќе се сретнат на самитот на Г20 во Буенос Аирес..

„Не знам, ајде да почекаме“, додаде Песков.

Пловидбата низ теснецот Керч моментно се одвива нормално, изјави денеска генералниот директор на пристаништето на Крим, Алексеј Волков.

актуелно Алијанса Инцидент Крим НАТО Петро Порошенко русија Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.