Португалската влада соопшти денес дека порано ги исплатила двете милијарди евра на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кои се дел од заемот за спас на Португалија во износ од 78 милијарди евра.
Министерството за финансии на Португалија наведе дека заштедиле 41 милиони евра поради предвременото враќање на долгот, за кој рокот беше до февруари 2019 година.
Аналитичарите оценуваат дека денешното соопштение е дел од напорите на владата да ја ублажат загриженоста на инвеститорите поради нивото на задолженост на Португалија.
Се очекува дефицитот на буџетот на Португалија оваа година да биде намален за околу 2,2 отсто.