Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Португалскиот предлог содржи „македонски јазик“
Македонија

Португалскиот предлог содржи „македонски јазик“

јули 1, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лисабон потврди – изјавата на португалската државна секретарка за европски прашања, Ана Паула Закаријаш, која предизвика бранувања во јавноста и официјални реакции од Скопје, е грешка.

Претседателот Стево Пендаровски во однос на изјавата на Закаријаш дека „јазикот на Северна Македонија, некогаш бил дел од бугарскиот јазик“, оцени дека тоа е длабоко погрешна изјава која ги поткопала сите напори кои нејзиниот колега од истата влада ги правел месеци наназад.

„Добрата вест е што португалското претседателство заврши. Јас се надевам дека нашите пријатели од Република Словенија кои го преземаат кормилото на Европската Унија, следните шест месеци, ќе продолжат долж истата патека со полно уважување на виталните национални државни интереси на двете страни. Поинаку не може да се дојде до договор“, рече Пендаровски.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров вчера изјави дека португалскиот предлог се потпира на предлог преговарачката рамка што ја предложи Европската комисија, параграфот околу македонскиот јазик да остане таков каков што е со чиста формулација – македонски јазик и предвидува унилатерална изјава на Бугарија во однос на нивната позиција.

За изјавата на Закаријаш, Димитров рече имале многу контакти со Лисабон и со претставници на Португалија, односно португалското претседателство, дека укажале на „оваа крајна несоодветност“ и дека добиле „уверување оти изјавата апсолутно не го отсликува ставот на Лисабон којшто останува на линија на португалскиот предлог и беше изразено жалење  во оваа смисла“.

Аугусто Сантош Силва, министерот за надворешни работи на Португалија, вчера, на последниот ден од претседавањето со ЕУ, на прашање на МИА да ги разјасни дилемите што се појавија во јавноста околу деталите од португалскиот предлог, порача дека тој содржи „македонски јазик“, и потврди дека изјавата на државната секретарка, Ана Паула Закаријаш, во која таа користи „северномакедонски јазик“ е грешка.

Содржината на португалскиот предлог, додаде тој, е прифатен од македонска страна и може да биде прифатен од бугарска страна.

„Сметаме дека предлогот што го поднесовме, и кој беше прифатен од Северна Македонија, Бугарија може во блиска иднина да го прифати исто така. Тој е многу јасен. Зборуваме за македонски јазик и предлагаме со унилатерална декларација секоја земја ја дефинира својата позиција. Македонскиот јазик е јазик дефиниран согласно Уставот на Северна Македонија и е кодифициран во 1945 година, но ако сакате да ја знаете позицијата на португалското претседателство, прочитајте го текстот“, порача Силва.

Македонија има големи очекувања од преземањето на претседавањето со ЕУ од страна на Словенија, како земја од регионот во однос на исчекор и отворање на преговорите за членство.

Сепак, за деблокада на евроинтеграциите на Скопје и Софија е да ги надминат разликите преку директни преговори.

актуелно Европска унија македонија Португалија словенија стево пендаровски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.