Германски брод кој беше задржан во пристаништето во Лисабон поради појава на епидемија на корона вирус меѓу членовите на екипажот, денеска го прекина патувањето откако и на некои патници добија позитивен резултат на тестот за Ковид-19, соопштија пристанишните власти.
Бродот „АИДА Нова“, со 2.844 патници и 1.353 членови на екипажот, запре во пристаништето во Лисабон на 29 декември за време на патувањето кон островот Мадеира за да ја прослави Новата година и нема да го продолжи патувањето бидејќи биле откриени 52 случаи на ковида-19 меѓу целосно вакцинираниот екипаж, пренесува Ројтерс.
Бродот вчера требаше да добие одобрение за да го напушти пристаништето и да замине на шпанскиот остров Ланзароте, но во меѓувреме, уште 12 луѓе беа позитивни на корона вирусот, вклучително и четворица патници, ги информираше медиумите началникот на пристаништето, Диого Виеира Бранко.
„Веднаш стапи на сила протоколот на компанијата, па оние кои се заразени, кои се асимптоматски случаи или покажуваат благи симптоми, веднаш се изолираи на бродот… Затоа компанијата одлучи да го прекине крстарењето и да ги симне патниците“ рече тој, додавајќи дека патниците ќе да бидат пренесени до нивните домови со авион, без да прецизира кога ќе се случи тоа.