Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го посети Данкерк на северот на земјата, каде што беше пречекан од 200 до 300 демонстранти.
Демонстрантите удираа во тенџериња, конзерви и празни лименки со залепени слики од Макрон и министри од владата.
Придружуван од неколку министри, Макрон дојде во Данкерк каде отпочна со изградба фабрика за производство на батерии за електрични возила.
Тоа ќе биде четврта ваква фабрика во Франција. Се очекува да има 3.000 директни и 12.000 индиректни вработувања.
Од усвојувањето на непопуларниот закон за пензиски реформи, Макрон се соочува со помали протестни собири додека патува низ земјата, каде што незадоволните граѓани удираат по тенџериња и тави.







