Дејвид Боуви, Скепта и Крег Дејвид се кандидати за некои од најголемите британски музички награди Брит за 2017 година.
Боуви постхумно е номиниран за најдобар британски уметник и за најдобар албум „Блекстар“, кој го објави два дена пред неговата смрт.
За најдобар уметник номинирани се и Крег Дејвид, Кано, Мајкл Киванука и Скепта кој е во трката и во категоријата за албум на годината.
Во три категории номинирана е женската група Литл Микс, вклучувајќи за најдобра група и за најдобар сингл.
За најдобар женски уметник конкурираат Анони, Ели Гулдинг, Емили Санде, Лиан ла Хавас и Нао.
Во категоријата најдобар меѓународен уметник постхумно е номиниран Леонард Коен, а за најдобра меѓународна уметничка номинирани се, меѓу останатите, Бијонсе, Ријана и Шиа.









