Голема спасувачка операција започна утринава во Грција откако во текот на ноќта, кај островот Евија, се преврте брод, кој пренесувал повеќе од 60 мигранти од Турција, соопшти крајбрежната стража на земјата.
Како што се наведува, деветте мигранти извлечени од водата им рекле на членовите на спасувачките тимови дека на чамецот имало вкупно 68 лица, а дека бродот испловил од турското пристаниште Измир.
Крајбрежната стража информира дека во операцијата за пребарување и спасување учествуваат хеликоптер, патролен чамец и два брода.
Илјадници луѓе кои бегаат од конфликти и сиромаштија во Африка, Азија и Блискиот Исток секоја година се обидуваат да влезат во Европската унија преку Грција.
Повеќето, краткиот, но често опасен премин од турскиот брег до блиските грчки острови, го минуваат во гумени чамци.
Помал број се решаваат во преполни едрилици и бродови да ја заобиколат Грција и да се упатат директно кон Италија.
Најмалку 27 лица се удавија претходно овој месец во грчките територијални води во два одвоени инциденти.
(Фото: „Танјуг“)








