Портпаролката на американскиот претседател Доналд Трамп, Кејли Мекена изјави дека и претседателот и целата администрација го осудуваат насилството во американскиот Конгрес на Капитол Хил во Вашингтон како „не-американско“ однесување и побара да се гонат оние што го прекршиле законот.
„Ние го осудуваме тоа, претседателот и оваа администрација, најостро што може, рече Мекени, обраќајќи им се на новинарите во време кога има сè поголеми повици Трамп да ја напушти Белата куќа, а неговите приврзаници упаднаа во зградата на Конгресот, пренесува Ројтерс.
Мекени рече дека ваквото однесување на демонстрантите е неприфатливо и дека оние што го прекршиле законот треба да бидат одговараат.
Таа одби да одговори на прашањата на новинарите, пренесува Ројтерс.







