Силен потрес, со магнитуда од 6,2 според Рихтер, забележан е во Пацифичкиот океан, западно од американската сојузна држава Калифорнија.
Епицентарот на потресот, како што јавува ЕМСЦ, бил во океанот на 180 километри западно од градот Рединг во Калифорнија.
Засега нема информации за направена штета, а американскиот Национален центар за предупредување од невреме објави дека цунами не се очекува.
Како што јавуваат американските медиуми, потресот се почуствувал во цела северна Калифорнија.







