Бројот на луѓе кои умреле од труење со алкохол во источен Сибир порасна на 21, а уште 16 лица се наоѓаат во критична состојба, пренесува руската агенција Тасс.
Вкупно 37 лица се префрлени во болница после труење, кое е предизвикано поради тоа што пиеле лосин за бричење кој содржи метанол.
Во тек е истрага за овој инцидент.
Сите жртви, според наводите на истражителите, се жители на населбата Ново-Ленино во Иркутск.
Истражниот комитет на Руската федерација, најголемиот истражен орган во земјата, објави дека на лосионот било наведено дека е само за надворешна употреба.
Труењата со сурогат алкохол редовно се случуваат во Русија, но овој случај во Иркутск е еден од најсмртоносните инциденти во последно време.
Иркутск е шести по големина град во Русија со 1,1 милион жители.







